СТАРИТЕ ЦРТАНИ ФИЛМОВИ СОЗДАДОА ГЕНЕРАЦИЈА НА КУЛТУРНО ПИСМЕНИ ДЕЦА!

Овие цртани филмови им пружаа на децата многу повеќе од забава – тие ги запознаа со клучните референци на општа култура, особено во областа на литературата и музиката.

Генерациите кои пораснаа гледајќи класични цртани филмови како оние од продукцијата на “Warner Bros”, благодарение на нив прераснаа во културно писмени луѓе, смета авторката Ени Холмквист.

Овие цртани филмови им пружаа на децата многу повеќе од забава – тие ги запознаа со клучните референци на општа култура, особено во областа на литературата и музиката.

Од Душко Долгоушко децата ја запознаа приказната за Џекил и Хајд на Роберт Луис Стивенсон, слушаа цитати и гледаа сцени од многу дела на Шекспир, а тешко е да се најде класични музичко дело кое не било користено како подлога за некои од цртаните филмови од тоа време. Секојдневното слушање на рапсодиите на Франц Лист и валцерите на Фредерик Шопен засекогаш ги врежаа овие мелодии во детските мозоци.

Цртаните преполни со цитати од класичната уметност поставија рамка, почетна точка за подоцнежно разбирање на книжевноста и музиката, дури и кога тие основи не се добиваа на училиште, смета Ени.

Денес, спротивно на тоа, цртаните филмови не ги насочуваат децата на откривање на културните богатства на претходните генерации туку се исклучиво свртени кон фантазијата или сегашното време.

“Ни училиштата ни цртаните филмови не го предаваат факелот на знаењето и културната писменост. Дали тоа е една од причините за апатија и површност кај современите генерации?”, се прашува Холмквист.

365

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.