Стармер: Трамп е во право, европските земји треба да сносат поголем товар за одбраната

Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е во право кога вели дека европските земји мора да понесат поголем товар за колективната одбрана на Европа.

Во интервју за Њујорк Тајмс, Стармер, зборувајќи за обидите да се донесе мир во Украина, рече дека „не му верува“ на рускиот претседател Владимир Путин и дека затоа иницирал „коалиција на подготвените“ во обид да ги собере мултинационалните сили кои ќе гарантираат мир по секој мировен договор.

„Сигурен сум дека Путин ќе се обиде да инсистира дека Украина е беспомошна по договорот, бидејќи тоа му го дава она што тој го сака, а тоа е способноста повторно да ја нападне“, рече Стармер.

Пронајдете не на следниве мрежи: