За некои хаварија, а за други автомобил кој сепак може добро да послужи – тоа е VW Passat од 1996 година.
Јутјуберот Flexiny се обиде да го оживее Volkswagen Passat кој со години бил оставен на ливада. Покриен со нечистотија, некогаш многу популарниот модел караван изгледа навистина лошо. Малкумина би помислиле да оживеат ваков автомобил, но еден човек се обидел.
Видеото не дава опис, но од видеото можете да се види што направил авторот за да го оживее Passat-от. Тоа е изданието B4 кое останало на пазарот до 1997 година и доаѓањето на популарниот B5. Под хаубата се наоѓа 1,8-бензинец со 90 КС и 135 Nm, во комбинација со автоматски менувач. Иако не пука од сила, убаво е повторно да се види и слушне жив, особено во ова време кога Пасат стана загрозен вид.
Лимузинската верзија е прекината, а караванот ќе има уште едно издание. Ќе ги задржи конвенционалните мотори, со стандардот Euro 7, а на пазарот ќе се нуди со технолошки близнак од Škoda, моделот Superb.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.