сабота, 28 ноември 2026
Најново

Стационарот “Вардариште“ станува минато

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Градската администрација предводена од СДСМ става крај на нехуманиот однос кон уличните животни.
Донесена е одлука за формирање ново јавно претпријатие кое ќе биде задолжено за третман и благосостојба на уличните животни.
Стационарот „Вардариште” станува минато.
Новото јавно претпријатие под своја надлежност во целост ќе ги преземе активностите за заловување на животните скитници и нивна стерилизација, ветеринарната грижа, регистрирањето и процедурите за вдомување од заинтересираните граѓани.
Во меѓувреме, во тек е процесот на чипирање на животните , со цел ставање под контрола на механичкиот прилив на кучиња на улиците, предизвикан од неодговорни сопственици и започнува процесот за воведување нов системски пристап во третманот на животните скитници.
Во овој процес ќе бидат вклучени повеќе институции на локално и на национално ниво како и граѓанските иницијативи и здруженија, со цел унапредување на правата на животните и начинот на нивното вклучување во целиот концепт.
Со формирањето на новото јавно претпријатие, Град Скопје формира целосно нов концепт и пристап кон решавањто на проблемот со уличните животни, што претставува голем исчекор напред и обезбедува похуман третман и грижа на уличните животни.
Социјалдемократски сојуз на Македонија

Поврзани вести