Стево Пендаровски пријавил во МВР дека го следеле тајни служби

Стево Пендаровски, консензуалниот кандидат за претседател, на 7 март во СВР Скопје пријавил дека бил следен од тајни служби блиски до опозицијата, јави проталот МКД.мк.
Вчера од МВР изјавиле дека очекуваат, доколку тој има некакви сознанија, за тоа да поднесе пријава.
Пендаровски во гостување на две телевизии се пожали дека го следеле тајни служби, а како доказ за тоа навел дека поседува три фотографии од него објавени на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.