Стевчо Јакимовски е осомничен за легализација на државно земјиште

Обвинителката Вилма Русковска денес изјави дека поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски е осомничен за легализација на државно земјиште што било откупено по драстично ниска цена. Русковска вели дека постојат неколку пријави против Јакимовски кои се однесуваат на работа спротивна на Законот за јавни набавки, за легализација на времени објекти што потоа биле градени бесправно. Таа изјави дека станува збор за злоупотреба на службена положба и овластувања, односно став 5 во врска со член 45, бидејќи како што наведува, станува збор за продолжено кривично дело.
Обвинителството за организиран криминал и корупција соопшти дека до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 доставило предлог за притвор на Јакимовски и на уште две лица вработени во Општина Карпош, кои исто така се осомничени за кривични дела.
Тие утринава заедно со Јакимовски беа приведени и изведени пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.