За мене власта фарса не прави, власта е јасна како ден – она е спремна да предаде и власта си кажува: “Ние сме за прифаќање за договорот со Бугарија; ние сме за уставни промени; за внесување на бугарите во уставот.”
Значи СДСМ ни е јасен како ден, фарсата е кај опозицијата, кај Христијан Мицкоски, не е фарсата во СДСМ. СДСМ ни е јасен, зошто СДСМ прави фарса?
Значи нивната цел е јасна, они се спремни сите предавства да ги направат, е сега проблемот е што овој им асистира во правењето на предавствата, а ваму изиграва пред народот дека он е тој што ја штити Македонија.
Ќе одговори ли на прашањето зошто месец ипол однапред направи протест кој беше десет дена пред објавување на Бугарскиот предлог, за да кулминацијата да се достигне десет дена пред тоа и после тоа тие протести беа само фарса. Мојот предлог беше да направиме еден голем протест на којшто ќе имаме најмалку шест – седумдесет илјади луѓе, да донесеме 700 – 800 автобуси.
Скопјани сакаат да излезат; и замислете ја глетката вие од фонтаната во парк до Стоковна куќа мост, спрема Тифани – народ да има према црквата. Возможно е тоа? Возможно беше тоа? Овој пат како никогаш досега имаше тензии, народот беше спремен, ама еве тој го угуши тој набој кај народот што го имаше, јас сум сигурен дека ако одеше толку народ они ќе се повлечеа, ама очигледно дека ова е дадено ветување пред меѓународната јавност.
Беше ли Мицкоски во Брисел крајот на април, почетокот на мај? Таму е договорена целата работа. И сега што се случува, сега сака да се испере и пред народот и пред народната заедница, а во исто време партијата да ја дигне во кондиција со тоа што ќе прави кампања за референдум.
Што значи тоа? Јасно како ден, еве 102,6% дека мнозинство да поништување на ова ќе нема, со тоа го бетонира Бугарско-Францускиот договор, значи нема бришење и со тоа тој добива пас, утре неговите луѓе од неговата партија, во парламентот да ги гласаат уставните промени за да влезат бугарите во Уставот со тоа македонскиот народ е изигран, а ќе ја префрла вината кај народот, а не кај себе. Мојот предлог е следен.
Излегуваме јас, тој, Апасиев, другите партии, потпишуваме договор, или декларација со која народот ако ни даде доверба со 61 пратеник, ние гарантираме дека ќе го поништиме овој договор и ништо повеќе. Нема што да се криеме позади народот; нема што да го мачиме народот; нема зошто да го лажеме; оваа е чесна понуда.
Имаме 61? ПоништувамеНемаме 61? Тоа е тоа, и овој е полесниот начин како да се дојде до оваа работа, а сето друго е фарса.
Потполно истата фарса каква што беше за референдумот за промена на Уставот и промена на името, потполно иста фарса.
Потполно иста игра се игра денеска.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.