Стефаноски за Пулс24: Целта на хибридните напади и лажните дојави можеби е градоначалнникот на Град Скопје

Во воените науки терминот „хибридни закани“ дефинира поширок спектар на мерки, алатки и техники, во кои се вклучени дезинформации или во конкретниов случај лажни дојави, сајбер напади, манипулација со меѓународното право, шпионажа, саботажа, политичка субверзија, економски притисок.

Хибридните напади користат манипулации, со цел да извршат одредено влијание. Целта на хибридните напади е да влијаат врз јавноста или процесите, кои се значајни за донесувањето на клучни одлуки. Во таа насока, главниот фокус на хибридните напади можат да бидат лидери, јавни личности, медиуми итн. Креаторите на хибридните напади настојуваат  да влијаат врз кредибилитетот и интегритетот на личностите или групите значајни за одлучувањето.

Стефаноски за Пулс24: Целта на хибридните напади и лажните дојави можеби е градоначалнникот на Град Скопје

Во овој контекст се сместени и активностите на овие хибридни напади, резимира безбедносниот аналитичар Милан Стефаноски.

Но, зошто лажните дојави се случуваат само на територија на Град Скопје и ингеренциите кои ги има Градот над средните училишта? Го отфрлам контекстот на Украина и геополитичките процеси. Далеку сме од избори. Можеби можно е да се користи спин за да се дефокусира јавноста од можните уставни измени, но тогаш тоа им одговора на сите политички чинители, ни тогаш хибридните напади би се случувале и кон други институции и личности.

Мојата логика говори дека цел на овие напади е Данела Арсоска бидејќи се охрабри и одважи да расчисти со партизираниот систем, криминалните дејанија и коруптивните зделки кои беа објавени, а задираа директно до луѓето на Мицковски. Но, претходно имаше расчистување и со тие што не одеа на работа, претежно гласачко тело од албанскиот кампус, но Данела е се погласна и во критика кон властите.

Така што поверојатно е дека на сите им одговара јавноста да има перцепција дека Градот не функционира во полн капацитет и да се предизвика немир и револт, бидејќи нели тоа е и стратегијата на хибридните напади. Станува збор за обид за политичка субверзија и намалување на кредибилитетот на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска – заклучува аналитичарот Милан Стефановски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.