Гостувајќи на ТВ24 безбедносниот аналитичар Милан Стефаноски за судирот во Нагорно-Карабах рече дека таму постои зла крв помеѓу две држави кои зад себе имаат многу конфликти. Тој смета дека сегашното разгорување на конфликтот е последица од 90тите години.
„Зошто сега се случува?! Мое размислување – заради тоа што пандемијата буквално го срози меѓународниот поредок. Нагорно-Карабах е дефиниран како една од неколкуте жешки точки на Земјата освен Кашмир и Кипар која има потенцијал да прерасне во регионална војна, каде што сите знаеме дека Русија и Турција имаат свои математики.“ – рече Стефаноски.
Извор: ТВ24
Пронајдете не на следниве мрежи: