Стејт департментот ги повика американските граѓани во Либан веднаш да ја напуштат земјата, додека се уште се достапни комерцијални летови, поради непредвидливата безбедносна ситуација, додавајќи дека летовите за евакуација со помош на американската војска веројатно нема да бидат можни.
- НАТО денеска добива нов шеф
- Еве како Израелците го лоцирале шефот на Хезболах: При ракувањето бил обележан со тајна супстанца – Таа информација доведе до неговиот крај!
- Земјотрес ја стресе источна Македонија вчера вечер
- Курсна листа на НБРМ: Колку чинат валутите денес?
- Метео: Сончево, но ладно со силен ветер!
- Се*с рулет! Нов ,,предизвик” кружи низ Европа: Малолетните девојчиња имаат односи со непознати лица – губи таа што ќе забремени (фото)
- Почнува нападот на Хезболах! Либанската армија ја напушта границата, Израел ги предупреди христијанските села да се евакуираат од можната линија на фронтот
- Човекот обвинет за обид за атентат врз Трамп се изјасни дека не е виновен
- НАТО испраќа дополнителни сили на Косово
„Треба да имате план за акција за кризни ситуации што не се потпира на помошта на американската влада. Најдобро време за напуштање на земјата е пред криза, ако воопшто е можно“, се вели во соопштението.
Се додава дека ретко се случува евакуација на државјани на странски земји со помош на американската војска.
„Нема гаранција дека американската влада ќе ги евакуира граѓаните на САД и членовите на нивните семејства во кризна ситуација. Во случај да дојде до евакуација со помош на американската војска, нашиот фокус ќе биде да им помогнеме на граѓаните на САД“, Стејт департментот кажа.
Се посочува дека американската влада генерално не може да обезбеди превоз во земјата за време на криза.
„Нема да можете да носите домашни миленици со себе при каква било евакуација спроведена од страна на американската војска од Либан. Ќе мора да потпишете дека ќе и ги надоместите на американската влада трошоците направени во случај на асистирана евакуација“, се вели во соопштението.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.