Стејт Департментот повтори дека на Груевски треба да му се суди во Македонија

Стејт Департментот одговори дека обрнува посебно внимание на случајот со Груевски, особено по добивањето на азилот. Оттаму ја повторуваат претходната позиција, посочувајќи дека поранешниот премиер е осуден на две години казна затвор во транспарентен правен процес и треба да одговара во својата земја.
„Груевски е обвинет за уште четири кривични дела. Веруваме дека судските постапки во Македонија треба да продолжат и Груевски да одговара во рамки на македонскиот правен систем“, додава „Стејт Департментот“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: