Министерот за надворешни работи на Србија Марко Ѓуриќ и помошникот секретар на САД за економски раст, енергија и животна средина Хозе В. Фернандез во среда во Вашингтон ќе потпише договор за стратешка соработка во областа на енергетиката, соопшти Стејт департментот.
Помошникот секретар и министерот ќе одржат говор на официјалното потпишување на договорот меѓу САД и Србија со цел унапредување на енергетската соработка“, се наведува во соопштението.
Фернандез и Ѓуриќ ќе одржат воведни говори пред потпишувањето на договорот.
„Стратешката соработка во областа на енергетиката ќе ги прошири можностите на американските компании да инвестираат во енергетскиот сектор на Србија, вклучително и промоција на американски инвестиции кои ќе ги зајакнат односите меѓу САД и Србија“, се заклучува во соопштението, пренесува Танјуг.