Постојат два вида холестерол – едниот е добар, а другиот е лош што може да предизвика болести на срцето и крвните жили. Кога станува збор за борба против лошиот холестерол, не постои подобар избор од грејпфрутот. Во комбинација со целерот и ѓумбирот тој го намалува лошиот холестерол и ги штити крвните жили.
Потребни состојки:
1 грејпфрут
2 гранчиња целер
1 дрвце магдонос
1/4 олупен лимон
3 парчиња ѓумбир
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете густ пијалак.