Стивен Спилберг има едно правило за сите актери кои работат со него

Стивен Спилберг, трикратниот оскаровец и режисер на филмови како „Шиндлеровата листа“, „Спасување на војникот Рајан“, „Паркот Јура“ и „Ајклуа“, има еден клучен услов за холивудските актери кои сакаат да работат со него – да немаат претходно исплатена плата. Да, добро прочитавте.

Спилберг бара од своите актерски ѕвезди да се обложуваат, односно да преземат дел од ризикот со него за успехот на филмот. Наместо стандардниот огромен хонорар што многумина го бараат пред снимањето, тој инсистира дека заработката се базира на успехот на филмот. Тој вели дека токму тоа го прави и тој.

„Немам земена режисерска плата 18 години. Ако филмот не заработува, не заработувам ни јас. Истото го очекувам и од актерите“, објаснил тој.

Кога се согласи да глуми во „Малцински извештај“, Том Круз се согласи да ја игра играта.

„Тој не доби никаков аванс, ниту му беа гарантирани пари ако филмот не се одвива добро“, изјавил Спилберг еднаш.

Том Хенкс го направи истото во „Спасување на војникот Рајан“, а подоцна, благодарение на дел од профитот, заработи значителна сума на пари.

„Повеќето мои филмови немаат ѕвезда. Но, на оние кои сакаат да работат со мене, јасно им давам до знаење: ако јас ризикувам, ризикувајте и вие“, објаснил тој.

Многумина веруваат дека тоа не е толку голем ризик, со оглед на тоа што Спилберг е режисер чии филмови ги одбележаа 70-тите, 80-тите и 90-тите години.

„Па, не е голема жртва кога имаш можност да работиш со него“, коментирал еден корисник на „Редитл“. Друг додал: „Тоа е всушност победа-победа. Актерите не мора да се грижат бидејќи не зборуваме за почетници, а Спилберг им нуди можност да заработат уште повеќе, доколку филмот е успешен“.

Пронајдете не на следниве мрежи: