Стивен Спилберг има едно правило за сите глумци кои работат со него

Кога работите со големи луѓе, логично е дека постојат некои правила на игра – а тоа важи и за Стивен Спилберг.
Овој трикратен оскаровец и режисер на филмови како Шиндлеровата листа, Спасување на војникот Рајан, Паркот Јура и Вилици, има само еден клучен услов за актерите кои сакаат да работат со него: нема однапред пуштена плата.
Спилберг ги замолува своите ѕвезди да се коцкаат – односно да преземат дел од ризикот со него кога станува збор за успехот на филмот. Наместо вообичаените големи хонорари што многумина ги бараат пред да започне снимањето, тој инсистира дека заработката зависи исклучиво од тоа колку заработува филмот. Тој вели дека работи на ист начин:
“Немам земена режисерска плата 18 години. Ако филмот не заработува, не заработувам ниту јас. Ги имам истите очекувања од актерите”, објасни тој.
Кога ја прифатил улогата во филмот Minority Report, Том Круз се согласил со овие правила. „Тој не доби никаков аванс, ниту му беа гарантирани пари ако филмот не помине добро“, изјави Спилберг еднаш за The New Zealand Herald. Том Хенкс го направи истото во Saving Private Ryan, а подоцна, благодарение на процентите од профитот, собра значителна сума на пари.
„Повеќето мои филмови немаат ниту ѕвезда. Но, на оние кои сакаат да работат со мене, веднаш им појаснувам: ако јас ризикувам, ризикувајте и вие“, истакна тој.
Многумина веруваат дека тоа не е голем ризик, имајќи предвид дека Спилберг е режисер чии филмови ги одбележаа седумдесетите, осумдесеттите и деведесетите.
„И не е жртва кога имаш можност да работиш со него“, коментира еден корисник на Reddit. Друг додаде:
„Тоа е всушност добитна комбинација – актерите не треба да се грижат бидејќи не зборуваме за почетници, а Спилберг им нуди шанса да заработат уште повеќе ако филмот е успешен“.
За споредба, режисерот Кристофер Нолан има сосема поинакво правило: забранува столчиња на снимање!
Актерката Ен Хатавеј еднаш рече дека неговиот став е многу јасен: „Ако луѓето имаат столици – ќе седат. И ако седат – не работат“.

Пронајдете не на следниве мрежи: