Стигна најавениот снег

Времето во Македонија ќе биде умерено облачно со врнежи од снег, особено во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка со височина од 10 до 30 сантиметри, а на планините позначителна, над 50 сантиметри. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица.
Утринската температура ќе се движи од – 10 до – 3, а дневната од – 5 до два степени над нулата.
И во Скопје слично време, умерено облачно со врнежи од снег. Утринската температура ќе се спушти до – 7, а дневната ќе достигне до – 1 степен Целзиусов.
Од петок не очекува стабилно и суво време со ниски утрински температури, а по котлините ќе има услови за појава на магла.

Пронајдете не на следниве мрежи: