Претстојниот викенд ќе биде најтоплиот во оваа година. Според прогнозите на синоптичарите по неколкуте денови во кои наврна релативно голема количина на дожд, во петок и во сабота ќе следи разведрување. Во петок се уште ќе има по некој облак, но температурите ќе поминат 30 степени во Скопје и до 33 низ Македонија. Во сабота не очекува ведар и уште потопол ден. Температурата во Скопје над 32, а во јужните делови од земјата и над 35 степени.
Слично време не очекува и во недела со повремено локално наоблачување. Во текот на целата наредна недела максималните температури ќе бидат над 30-от степен.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.