Стилистот на Ники Минаж воодушевен од Карлеуша: Видел нејзина фотографија и буквално „одлепил“ поради овие две работи

Јелена Карлеуша, српската пејачка која често може да се најде во странските медиуми поради специфичниот стајлинг што, според неа, го копираат многу sвезди, а сега уште еднаш даде причина да се пишува за неа.
Пејачката, која има гардероба на која многу холивудски sвезди би и позавиделе, неодамна ја смени бојата на косата во розова, а новата фризура толку му се допадна на познатиот стилист што не можеше да одолее а да не ја искоментира …
Станува збор за Дионте Греј попозната како Арогант Те, фризер на познатата пејачка и раперка Ники Минаж, како и на Блек Чајна. Овој „арогантен“ дечко го следат преку два милиони луѓе на социјалните мрежи и може да се пофали со елитна клиентела, а не остана имун на стилот на српската дива.


Тој ја сподели нејзината фотографија од погребот на Марина Туцаковиќ (за која не знаеме како воопшто дојде до него) во своето стори на Инстаграм, а еве и зошто:
„О Боже, го крадам ова! Коса во боја, потоа црно, целосно моја вибрација”, напиша фризерот.
На Дионет очигледно му се допадна комбинацијата на розова коса цврсто собрана во висока пунџа и едноставен црн стајлинг. Како и сите sвезди, така и Карлеуша имаше големи очила за сонце од брендот Сен Лоран, кои му дадоа доза на гламур на целиот овој прилично едноставен стајлинг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.