Стоилов: Се помирив со пензијата

Ракометарот на Вардар, Стојанче Стоилов на денешната прес-конференција кажа дека се помирил со фактот дека е во репрезентативна пауза во која замина пред половина година.

Стоилов кажа дека настанот на 3 јануари е одлична можност да се оддаде почит на една генерација која постигна големи успеси.

„Овој настан ќе ја отвори спортската 2023 и тоа со хуманитарен настан. Се надевам дека нема да има повреди, посебно кај тие кои со години не играле. Се помирив со пензијата. Беше тема на која размислував повеќе време“, кажа Стоилов.

Настанот ќе се одржи на 3 јануари 2023 година со почеток од 19 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.