Столтенберг во Белград

НАТО силно го поддржува дијалогот Белград – Приштина, и сите напори за намалување на тензиите и решавање на проблемите, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Тој вчера пристигна во Белград и во интервју за телевизија “Пинк“ изјави дека НАТО има одличен дијалог со Србија и ја почитува одлуката државата да не биде дел од Алијансата.
– Силно го поддржуваме дијалогот меѓу Белград и Приштина како и сите напори што ќе резултираат со намалување на тензиите и ќе ги решат несогласувањата. Нам ни е потребно политичко решение. Тоа е дијалог што одблизу го следи ЕУ, а НАТО беше дел од иницијативата што придонесе за дијалог. Ние и понатаму го следиме дијалогот и го поддржуваме нагласи Столтенберг.
Столтенберг потсети дека Србија „јасно рекла“ дека цел не и е да стане членка на НАТО.
– Почитуваме одлука на држава дали сака да влезе во НАТО или не сака. Имаме одличен однос со Србија и ја почитуваме нејзината одлука да не се придружи на НАТО туку да биде партнер. Тоа е добро за Србија, тоа е добро за НАТО, кажа Столтенберг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.