Столтенберг твитна: Македонија не стои сама

Добро е што се се сретнав со Зоран Заев, Премиер на најновиот член на нашето семејство во НАТО и сигурен сојузник. Во вакви времиња, важно е да имате пријатели и сојузници. Северна Македонија не стои сама, твитна Јенс Столтенберг, Генералниот секретар на НАТО, вчера вечерта. Тој и Заев попладнето во Брисел, во седиштето на НАТО одржаа заедничка прес конференција.
Заев рече дека членството на Северна Македонија во НАТО ја редефинира нашата улога на меѓународната безбедносна арена, овозможувајќи ни активно да учествуваме во широк спектар на безбедносни консултации што го определуваат концептот на НАТО за колективна одбрана.

„Ја материјализиравме оваа стратешка цел на надворешната политика и ги зацементиравме основите за зголемена стабилност и просперитет на нашата држава во време на предизвикувачки околности што ја тестираат способноста на НАТО да се трансформира и прилагоди“, нагласи претседателот на Владата Заев.
Рече дека и покрај предизвиците за економијата поради пандемијата, ќе се зголеми буџетот за одбрана за 0,2 проценти за да достигнеме 2 проценти од БДП до 2024 година.
Генералниот секретар рече дека оваа година НАТО ја пречека Северна Македонија како нова членка на алијансата како резултат на исклучителните постигнувања на земјата и потенцираше дека овој голем настан се случи во време на КОВИД-19 кога сојузниците се потребни еден на друг во поддршката за справување со пандемијата и кризата предизвикана од неа.
Столтенберг додаде дека КОВИД бројките на новозаразени растат во цела Европа како и во Северна Македонија и од тие причини НАТО продолжува со поддршката за земјата со нов КОВИД пакет во медицинска и друга опрема вреден 1,4 милиони евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.