Стоматолог изложи на зараза со ХИВ седум илјади пациенти

Околу седум илјади луѓе биле изложени на инфекција со ХИВ и други заразни болести во стоматолошка клиника во американската сојузна држава Оклахома, каде што биле регистрирани тешки повреди на елементарните прописи за хигиената, јави во петокот Associated Press.

 Инспекциската служба на секторот за здравство во градот Тулса извршила контрола на приватната стоматолошка ординација на докторот Скот Харингтон, откако кај еден пациент биле дијагностицирани инфекции со ХИВ и хепатит Ц. Проверката утврдила дека персоналот во клиниката користел нестерилизирани инструменти за третман на пациентите, повеќекратно користеле ампули и други контејнери за лекови, како и користење лекови без дозвола.
Поради нарушувањата на правилата и прописите во работењето за здравствените установи, на сите пациенти на овој стоматолог им се испратени предупредувачки дописи со коишто се повикуваат на бесплатно тестирање на ХИВ и хепатитис.
„Не знаеме колку долго се случувале ваквите нарушувања на прописите, па затоа им се препорачува на сите пациенти на д-р Харингтон да направат тестови за хепатит Б и Ц и ХИВ”, се вели во соопштението на министерството за здравство на сојузната држава Оклахома.
Стоматологот Харингтон, кој како стоматолог работи 36 години, своеволно ја предал лиценцата за приватна практика и ги затворил своите клиники во Тулса и во предградието на градот Овасо. Како што додава агенцијата, тој во моментов соработува со истрагата, а судската расправа е закажана за 19-ти март.
Макфакс
Околу седум илјади луѓе биле изложени на инфекција со ХИВ и други заразни болести во стоматолошка клиника во американс

Пронајдете не на следниве мрежи: