Стравовите на хороскопските знаци

Овен- страв од физичко ограничување на слободата

Стравовите на хороскопските знаци

Овните се луѓе кои не е лесно да ги исплашите, секој страв за нив изгледа како предизвик за неговата вродена храброст.  Овенот се плаши од болести но и од смрт. Од психолошки аспект, Овенот се плаши од игнорирањето на другите, односно дека нема да го добие потребното внимание за неговиот труд.  Во секој Овен постои скриен страв од затворање или било какво физичко ограничување на слободата.  За Овенот е својствено на стравот да реагираат насилно, се води од девизата дека „нападот е најдобра одбрана“.

Бик- страв од сиромаштија

Добро испланираниот живот кој Бикот го води не остава многу место за стравови. Но, стравот од сиромаштија и губење на се што заработил или имал во својот живот е карактеристичен за Бикот. Бикот исто така има тенденција се да контролира. Но мора да напоменеме дека во се што „има“ Бикот го вбројува и својот партнер , па неговиот страв од сиромаштија се проширува и на страв од губење на љубовта. Бикот е најљубоморен знак во зодијакот, а да се биде љубоморен значи дека се  нема доверба ни во самиот себе.

Близнаци- играта го штити од страв

Близнаците се сфаќаат како игра. Ретко се плашат, но доколку  сериозно се исплашат се трудат да го сокријат тоа. Близнакот се плаши од ситуации во кои треба да ја изрази својата волја или да заземе одлучен став.  Па спрема тоа, чувствува страв од сериозни, строги и одлучни луѓе кои повеќе им придаваат важност на делата отколку на зборовите. Од псхихолошки аспект Близнакот се плаши од старост, бидејќи смета дека доколку е стар ќе мора да биде зависен од другите. Но повеќе од староста се плаши од осаменоста.

Рак-фантазијата ги храни стравовите

Полесно е да зборуваме за тоа од што Ракот не се плаши. Со оглед на тоа дека е многу врзан со семејството , на топ листата на неговите стравови се наоѓа стравот од распадот на семејството. Самата мисла за развод на бракот, брачно неверство, заминувањето на децата и слично, Ракот го доведува до депресија. Параноичен страв покажува и од преселба, губиток или оштетување на домот. Ракот исто така се плаши и од злоба, одмазда, расправии и несогласувања. Поголем дел од професионалниот живот ќе го помине во постојан страв од малтретирање од претпоставените.

Лав- страв од предавство

Во склад со особините на животното чие што име го носи, Лавот заедно со Овенот, се едни од најхрабрите знаци во зодијакот. Вистинската причина за неговата храброст се крие од стравот за презирот од другите, јавно понижување или неуспех. Со оглед на тоа дека му е важно мислењето на другите, лавот ќе изведе јуначки дела, да не случајно излезе кукавица. Често превзема храбри подвизи за да се направи важен пред другите. Лавот се плаши од ситуации кои од него бараат да ја промени постоечката положба, посебно ако тие промени тој не може да ги контролира. Лавот многу размислува за можни предавства на пријателите или некоја друга блиска личност.

Девица- чистење на нередот

Свесна за својот недостаток на храброст, Девицата се труди да избегнува ситуации кои од неа бараат храброст. Таа темелно и долгорочно ги планира сите можни проблеми и своите реакции на нив, па кога некој проблем ќе се појави таа спремна го вади решението. Но доколку се работи за необична ситуација која не ја предвидела, можно е стравот целосно да ја блокира. Мислата да живее во неред и нечистотија завзема прво место на листата на стравови на Девицата. Исто така се плашат и од дезорганизација и безредие. Но тешко и со страв ги изразува и своите емоции.

СЛЕДНИТЕ 6 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ЌЕ ГИ НАЈДЕТЕ НА СТРАНАТА 2 ОД ОВОЈ ТЕКСТ ПОДОЛУ 👇👇

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.