сабота, 28 ноември 2026
Најново

Странски ВАР судии до крајот на првенството во Турција

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај





ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Одлуката доаѓа откако челниците на Фенербахче, кој е второпласиран на табелата со два бода помалку од Галатасарај, минатата недела јавно го доведе во прашање интегритетот на турските судии.

„Странски ВАР судии ќе бидат ангажирани за клучните натпревари во борбата за шампионската титула и во борбата за опстанок, почнувајќи од 32. коло до крајот на првенството“, се наведува во соопштението на ТФФ.

Веќе викендов странски судии ќе бидат вклучени во три натпревари Анкарагучу – Газиантеп, Фатих Карагумрук – Фенербахче и Аланијаспор – Галатасарај.

ТФФ додаде дека има склучено договор со италијанската, шпанската, германската, холандската и португалската федерација за ангажаирање ВАР судии во домашното првенство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

– Реклама –








Поврзани вести