Кои се заедничките карактеристики на стартапите во Македонија и Латинска Америка? Како малите економски пазари имаат потенцијал да развијат успешни компании со глобално присуство? Во седмата епизода на “Стартап Револуција,” го интервјуираме Мати Барберо, специјалист за интернационализација на стартапи, кој ги разјаснува предизвиците и шансите што ги носи ширењето на глобално ниво. Мати има искуство со работа со многу стартапи во процесот на нивниот развој и навлегување во нови пазари. Во оваа епизода, тој споделува практични совети за македонските претприемачи – како да привлечат инвеститори, кои стратегии се успешни и кои чекори да ги следат за да создадат конкурентен стартап.
“Стартап Револуција” е подкаст инициран од Стартап Клуб Скопје – заедница која ги поврзува и поддржува претприемачите преку нетворкинг, едукација и пристап до инвеститори, со цел нивните замисли да се претворат во успешни бизниси.
The post Стратегии за успешно глобално позиционирање на македонските стартапи appeared first on 365.mk.