СТРАШЕВСКИ: Мицковски е преплашен од избори, се грижи само за својот трон

Мицкоски неспремен за изборите во Штип, шири дезинформации дека немало услови за фер и демократски избори,потоа дека има страв од Ковид 19 пандемијата и наводната негова грижа за граѓаните на Република Македонија.
МИЦКОСКИ НЕ САМО ШТО САМ СЕ ЛАЖЕ, ГО ЛАЖЕ И ЧЛЕНСТВОТО НА ВМРО ДПМНЕ, ЦЕЛАТА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ И ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,ЗАТВОРЕН, МАЃЕПСАН ВО ШТАБСКОТО ДЕЛУВАЊЕ ВО ЛУКСУЗОТ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА.
По изборниот дебакал на парламентарните избори во 2020 година ВМРО ДПМНЕ имаше повеќе од скоро 5 месеци да се избере кандидат истиот да биде профелиран, претставен и посветен на изборите за градоначалник во Штип, но неспособноста на Мицковски откако не успеа да обезбеди кандидат за градоначалник на Штип , Мицкоски неубедлив беше да ги убеди неколку поранешни градоначалници и пратеници, а потоа неговиот трипал кандидат член на ИК, Пратеник и Претседател на ОК Штип бидејќи нема никаков рејтинг не се нафатил да биде кандидат, иако според трите функции мораше и требаше да покаже храброст да ја оправда дадената доверба од партијата за три битни функции.
Мицкоски како и пред парламентарните избори 2020 ,прво бараше итни избори, потоа истакнуваше дека нема услови за фер и демократски избори, за потоа повикувајќи се дека има наводна грижа за пандемијата ковид 19 и граѓаните на Република Македонија. Сето ова беше блеферска финта за да Христијан Мицкоски да ја прикрие неговата неспособност за победа на било кој избори,а имаше шанса веднаш после парламентарните избори ако беа нефер и недемократски веднаш да повика на масовни протести, непризнавање на изборните резултати и повик за рушење на оваа ненародна влада на СДСМ.Но сето тоа Мицковски мудро го премолчи и овозможи оваа ненародна влада на СДСМ да биде комотна бидејќи нема сериозна закана од премногу слабата опозиција предводена од ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Мицкоски наместо да излезеш машки и сите да ги обединиш ,членството и народот, да покажеш лидерство, ти по незнам кој пат го лажеш членството, јавноста и целиот народ со ситни лаги и манипулации, кажувајќи дека изборите во Штип се избори каде се брани МАКЕДОНИЈА, дека Штип е темелот на Македонија од историско значење, за да по два дена најавуваш неучество на изборите за градоначалник во Штип поради твојата лична неспособност да навремено обезбедиш кандидат за градоначалник на Штип имајќи предвид дека имаше на располагање цели 5 месеци.
Бегајќи од уште еден изборен пораз сакаш да ја држиш партијата во заложништво до нареден конгрес барајќи шанса да избереш свои делегати и да купиш на уште еден подмолен начин мандат за претседател на ВМРО ДПМНЕ за да ја доуништиш вербата на членството и на граѓаните на Република Македонија.
Мицкоски, никој не ти даде право да си поигруваш со ВМРО ДПМНЕ, членството и народот во Македонија, да бегаш од сите битни теми за името, идентитетот, за менување на историјата, притоа задскривајќи се зад наводни протести со енормна мала посетеност, дека наводно си за некои црвени линии, притоа лажејќи го членството да се вози со коли до Штип дека тоа е последната црвена линија за Македонија,за да потоа кукавички бегаш од изборите во Штип, за кои твои постапки и потези и самиот си свесен дека е само подценување на капацитетот на ВМРО ДПМНЕ членството, целата јавност и граѓаните на Република Македонија.
Мицкоски,ако сеуште не си разбуден од тригодишниот сон, ако се уште не си освестан од раскошот во белата палата и не си свесен за значението на ВМРО ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, ако не си способен да организираш едни локални избори во еден или два града во Република Македонија веднаш да си понесеш одговорност и да си дадеш неотповиклива оставка од Претседател на ВМРО ДПМНЕ , да не ја држиш партијата во заложништво за себе лични интереси.
08.11.2020
Јовица Страшевски член на ВМРО ДПМНЕ
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.