Страшевски: Мицковски и помага на СДС да владее комотно

Адвокатот и проминентен член на ВМРо-ДПМНЕ Јовица Страшевски го коментираше во Фејсбук статус договорот помеѓу Мицковски и Заев.

Го пренесуваме интегрално:
ЗА НЕШТАТА ДА БИДАТ ПОЈАСНИ ПО ВЧЕРАШНИОТ ДОГОВОР НА ДРУГАРЧИЊАТА ЗАЕВ – МИЦКОСКИ
1.Одложен пописот за Септември???
Значи само времено одложување на пописот, нема промена на законот за попис за кој беа собрани 100.000 потписи, со кој вчерашен договор се измамени сите 100.000 потписници бидејќи само временска измена има не и суштинска на законот.
2.Одложени локални избори???
Мицкоски и неговите полтрони прикажуваат некаков успех зошто успеале да ги одложат локалните избори наместо да се првата недела на Октомври (9-10) ќе се (16-17) или за 7 до 10 дена разлика што ништо суштински не менува
Сето ова се прикажува како некаков успех на преговорите, а всушност се дава шанса за стабилизација на веќе паднатата на колена влада на СДСМ, СДСМ која со овој договор вчерашен со Мицкоски и со негова помош се враќа во живот.
Ова е вистината за наводниот успех на Мицкоски кој само по незнам кој пат и помогна на СДСМ да си владее комотно без отпор.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.