Страшен пожар во Чешка: Загинаа 11 лица, луѓе скокaa од прозорец, три деца починати

Во грозоморниот пожар во станбена зграда во северо-источниот чешки град Бохумн загинаа 11 лица, соопшти полицијата, пренесува Радио Прага.

Според нив, шест од нив им подлегнале на повредите поради пожарот, а пет починале додека скокале од прозорецот на зградата. Три деца се меѓу жртвите.

Пожарот избувнал на 11-ти кат од зградата, која има 13 ката во попладневните часови. 

Причината за пожарот се истражува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.