Најмалку девет лица се повредени попладнево при уривањето на дел од станбена зграда во холандскиот град Хаг, предизвикано од експлозија на гас, соопштија спасувачките служби.
Седуммина од повредените се пренесени во болница, додека на две лица им е укажана медицинска помош на самото место, по што се пуштени на домашно лекување.
Спасувачките служби информираа дека под урнатините е заглавено уште едно лице, кое е живо и спасувачите стапиле во контакт со него.
Videobeelden kort na de explosie geven een enorme ravage weer na de explosie die appartementsgebouw in #Laakkwartier in #DenHaag verwoestte [vid:@pjokhan61] pic.twitter.com/fQWQhLQdQJ
— Roeland Roovers (@r0eland) January 27, 2019
Како што јави ДПА, акцијата за пребарување на урнатините е отежната, поради опасноста од целосно уривање на зградата.
При експлозијата се нанесени оштетување и на останатиот дел од зградата, а делови од малтер и тули се расфрлани и на улицата.
Холандската телевизија РТЛ Њуз претходно јави дека поради опасност од уривање на зградата, властите ги евакуирале сите нејзини жители.
Градоначалникот на Хаг, Полин Крике изјави дека станува збор „страшна несреќа“, ветувајќи дека жртвите брзо ќе добијат помош.