Страшна снимки: Луѓе скокаат од висококатница во пламен

Страшен пожар избувна во висококатница на 22 ката во главниот град на Бангладеш , Дака.
Луѓето во очај скокаат од висококатницата , а за сега има извештаи за најмалку десетмина загинати . Повредени се најмалку 60 лица , а голем број и натаму се заробени во деловната висококатница.
Шефот на противпожарната служба Ершад Хосеин изјави дека пожарот избувнал денеска попладне . најмалку шест лица скокнале од прозорците од голема височина за дас е спасат од пожарот и густиот чад.

Пожарникарите користат и хеликоптер за да го гаснат пожарот , а околу зградата се насобрани голем број роднини и пријатели на настраданите.
Дури 19 пожарникарни екипи учествуваат во гаснење на пожарот , а ни се приклучи и војската и морнарицата.” , изјави Мохамед расел од спасувачката служба.

Пронајдете не на следниве мрежи: