Страшна сообраќајка-камион удрил во бетонски столб

Ноќеска камион удрил во бетонски столб на старата наплатна рампа Градско. Возачот е повреден и пренесен во болница во Велес, а информацијата е потврдена од МВР.
На фотографијата се гледа искршен камион, кој се забил во остатоците од старата патарина, откако се поставени нови наплатни пунктови на само неколку метри растојание.

АПЕЛ ДО НАДЛЕЖНИТЕ!!!
Поставете соодветна сигнализација кога оставате бетонски остатоци како чиреви од стара патарина. Дури и најискусните (возачи на камиони) прават грешки бидејќи е вечерно време и нема соодветни знаци.
Возачот на Брза помош кажа дека е 5-ти или 6-ти случај откако е преселена патарината. Да не биде предоцна, бидејќи никој од нас нема да одговара.
Сликата е страшна, но возачот е пренесен во Велес со расекотина на глава на снимање, стои во објавата на страната “ѕид на сообраќајниот срам“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.