Страшното невреме на Халкидики однесе неколку животи

Најмалку шест лица ги загубија животите во големото невреме проследено со дожд, град и со силен ветер, што синоќа го зафати грчкиот полуостров Халкидики, јавуваат грчките медиуми.
Меѓу загинатите се Романка и нејзиниот осумгодишен син врз кои се срушил покрив во таверна во местото Неа Плагија, двајца чешки туристи во Созополи, како и Русин и неговиот двегодишен син врз кои паднало дрво пред хотел во Неа Потидеа.
Десетици лица се повредени, од кои четири се во критична состојба, а се трага по уште неколкумина исчезнати.

Надлежните служби добиле околу 600 повици за помош. Повеќе области од Халкидики останале без струја, додека отежнато е движењето по патиштата поради паднатите дрвја. Нанесена е и значителна материјална штета.
Засега нема информации за повредени наши сограѓани кои во огромен број во овој период го користат својот годишен одмор токму таму.
Локалните власти и противпожарни екипи интервенирале на десетина места на двата крака на полуостровот, Касандра и Ситонија. Се трага и по неколкумина пријавени за исчезнати, меѓу кои имало и рибари. Поради невремето, повеќе области од Халкидики останале без струја, а било отежното и движењето по патиштата поради паднатите дрва.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK