Страшно невреме во Хрватска: Издадено предупредување од највисок степен

Делови од Хрватска се зафатени со пoроен дожд, грмежи, силен ветер и град. Европскиот центар за предвидување бури издаде предупредување од највисок, трет, степен за копнениот дел на Хрватска, а за Далмација е издадено предупредување од втор степен, објавуваат хрватските медиуми.
Невреме има во Ријека, Истра, Кварнер, Горски Котар, Загреб, Славонија и на други места.
„Радио Ријека“ јави дека за само десет минути, меѓу 12 и 20 и 12 и 30 часот, температурата во Ријека паднала за осум степени Целзиусови. Градот бил зафатен со пороен дожд и ветер со јачина од 75 километри на час.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.