Прекумерната употреба на „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Тикток“ или „X“ може да биде причинител на недоволен сон, депресија, стрес и анксиозност, предупредуваат лекарите.
Неврологот Рејчел Самерс го користи својот интернет-простор за да ги сподели своите совети подобро псиихичко здравје. Според неа, не треба да се минува повеќе од половина час на ден на социјалните мрежи.
„Трошењето до 30 минути дневно на личниот интернет-простор ја намалува опасноста од осаменост, депресија и анксиозност. Ако спиете лошо или страдате од мозочна магла, најверојатно премногу долго време минувате на социјалните мрежи. Меѓу последиците на прекумерната употреба на мрежите се и: анксиозност, депресија, осаменост, стрес, насолзени очи и главоболки“, истакна Самерс.
При појава на некој од овие симптоми, таа препорачува првично намалување на употребата на социјалните мрежи за 20 насто.