недела, 15 ноември 2026
Најново

Стружанка почина откако во неа удрило товарно возило

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Седумдесетгодишна жена починала синоќа во струшката болница како последица на сообраќајна несреќа, кога во неа удрило товарно возило управувано од Н.О. (57) од Струга.

– На 21.02.2026 околу 16.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на ул. „Струшки Кепенци“ во Струга товарно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки управувано од Н.О.(57) од Струга удрило во 70-годишната И.И. од село Мислодежда, струшко. По несреќата И.И. била пренесена во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош каде подоцна починала, посочуваат од полицијата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга, а во 21:40 часот полициски службеници го лишија од слобода Н.О. и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани вести