Градиме целосно нова социјална населба со 118 станбени единици вели во гостување во Сител ТВ градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
– Дивоизградена населба која е проблем за самите граѓани коишто живеат таму, од влезот на Струмица, од булеварот „Климент Охридски“ ги дислоцираме во горниот дел од градот, којашто беше локација прифатлива и за нив и за Општината, објасни Костадинов.
Како што кажа градоначалникот со 26 станбени единици од овој проект Општината аплицира и за средствата од вториот повик за унгарскиот кредит.
– Граѓаните нема да плаќаат за тие станбени единици. Доколку Владата повторно не даде средства од унгарскиот кредит овој и другите проекти ќе се реализираат од средства на Општина Стумица.
Во врска со градскиот пазар Костадинов истакна дека целта е дислокација на постоечкиот пазар, со што ќе се развие пазарот во ТЦ Глобал, а пазарот има туристички потенцијал бидејќи и луѓе од соседните држави доаѓаат во Струмица. Локацијата каде моментално се наоѓа пазарот кој треба да се дислоцира ќе биде претворена во боемски парк со типски објекти, објасни Костадинов.



