Студена или топла: Не е доволно само да пиете вода, треба да знаете и КАКВА вода ви е потребна

Ако тренирате или се обидувате да ослабете, мора да знаете дека исхраната нема да даде вистински резултати без правилно внесување вода, која во случајов е најважна. Но, и овде мора да правите разлика, бидејќи за правилно функционирање на организмот треба да знаете кога се пие студена, а кога топла вода.
За да функционира телото нормално, за циркулација и работа на цревата од голема важност е внесувањето доволно количина вода.
1. Студена вода
Треба да се пие пред тренингот бидејќи поттикнува согорување на калории. Пиењето студена вода помага телото да не се прегрее особено додека вежбате или кога времето е исклучително топло.
Пиењето студена вода за да се намали телесната температура помага и во заштитата од дехидрација која може да настане поради прекумерно потење.
2. Топла вода
Добро е да се пие наутро бидејќи ја поттикнува работата на сите органи, ги подобрува метаболизмот и варењето на храната. Кога ќе завршите со тренинг најдобар начин да ја надоместите изгубената течност е преку пиење топла вода која од внатре ќе ве прочисти.
Топлата вода го спречува стареењето на кожата, делотворна е и за исфрлање на насобраните токсини во телото од студената вода, го поттикнува производството на структурни протеини како колагенот и еластинот.
Одлична е и за работата на цревата. Пиењето топла вода помага во сузбивање на констипацијата, но и други симптоми како подуеност, гасови и грчеви во желудникот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.