СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА – на ова место среде пролет се измерени рекордни -10 степени

На Попова Шапка утрово е најстудено со измерени 10 степени Целзиусови под нулата.

Следат Претор со -7, -6 во Маврови Анови и Крушево, -4 Прилеп, Крива Паланка, -3 Битола, Охрид, Берово, -2 Скопје-Петровец, Дебар, -1 Штип, Виница, 0 Куманово, Демир Капија, 1 Струмица, 2 Скопје Зајчев Рид, Тетово, Дојран и 4 степени во Гевгелија.

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец (со брзина и до 70 км/час). Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 12 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.