Студентите објавија целосен план за протестите во Белград

Студентите во Србија го објавија целиот план за протести во Белград и локациите од кои би се движеле, но во меѓувреме ја избришале објавата од Инстаграм, објави телевизија „Н1 телевизија“.

На мапата се прикажани локациите каде ќе се соберат луѓето и од каде ќе одат заедно да протестираат пред Народното собрание на Република Србија во 16 часот“, беше објавено на Инстаграм.

„Ќе тргнува од Автокоманда, „Булевар Краља Александра“, „Трг Република“ и кружниот тек во Нов Белград кај општината. Тргнувањето е во 13 часот, а во Собранието на Србија треба да пристигнат во 16 часот“, се вели во објавата.

Тие претходно најавија дека утрешниот протест во Белград ќе започне во 16 часот пред Собранието на Србија.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.