Во денешно време, сведоци сме колку луѓе едвај врзуваат крај со крај. Поради недостаток на парични средства, поради лични проблеми, многу од нив се наоѓаат на улица, во борба за опстанок. Бездомниците во Загреб неодамна пријатно се изненадија од идејата на неколку загрепски студенти кои оставија ќесиња со здрава храна покрај контејнерите. На ќесето стои и порака на која пишува:
„Сите сме некогаш гладни, уморни, беспомошни. Се надевам дека со оваа малку храна барем за момент ќе ви го направи денот поубав. Храната е чиста, со добар рок на траење“.
Идејата на овие студенти била оваа акција да се прошири во што поголем број, за оние на кои им е потребна помош да имаат барем еден топол оброк дневно. Иницијативата веќе полека се шири, па така покрај студентите, храна за сиромашните оставаат и граѓаните.Во денешно време, сведоци сме колку луѓе едвај врзуваат крај со крај. Поради недостаток на парични средства, поради ли
Пронајдете не на следниве мрежи: