Студенти и граѓани го продолжуваат маршот кон Белград

Групи студенти и активисти, граѓани, просветни работници и средношколци го продолжуваат маршот кон Белград, каде студентите во блокадата најавија протест за утре, а вечерва треба да пристигнат во главниот град, пренесуваат српските медиуми.

Претходните денови групи студенти од повеќе градови тргнаа пеш кон Белград, одговарајќи на повикот на студентите во блокада, со поддршка на одредени групи активисти, синдикални групи…
Учениците од блокадата од Нови Сад, Суботица, Крагуевац, Ниш, Краљево, Ужице, Крушевац, Вршац, Чачак тргнаа кон Белград, а некои групи кои пешачат кон Белград се придружени од страна на земјоделци со трактори.
Во сабота е закажан протест во Белград пред Народното собрание на Србија.
Студентите бараат одговорност за трагедијата во Нови Сад на 1 ноември кога загинаа 15 лица, а две лица беа тешко повредени. Власта тврди дека се исполнети сите барања и ги повикува студентите на дијалог.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.