Студија: Мачките се способни да го разликуваат мирисот на сопственикот од тој на странец

Домашните мачки можат да го разликуваат мирисот на нивните сопственици од мирисот на странците, покажа новото истражување на Универзитетот за земјоделство во Токио.

Познато е дека мачките го користат своето силно сетило за мирис за да се идентификуваат и да комуницираат со други мачки, но истражувачите сè уште не утврдиле дали можат да го користат и за да разликуваат луѓе, пренесува Би-Би-Си.

Претходните студии за човечкото препознавање од страна на мачките покажаа дека тие можат да разликуваат гласови, да интерпретираат нечиј поглед за да најдат храна и да го променат нивното однесување според емоционалната состојба на личноста.

Во истражувањето учествувале 30 мачки, а истражувачите поставиле пластични цевки или стапчиња со мирис на нивните сопственици, стап со мирис на личност од ист пол, странец и чист стап пред нив.

Брисевите со мирисите се триеа под пазувите, зад ушите и меѓу прстите на сопственикот или на странец, а мачките потрошија значително повеќе време на мирисот на непознати луѓе во споредба со нивниот сопственик или празно стапче, што укажува на тоа дека можат да разликуваат мириси на познати и непознати луѓе.

„Потребни се експерименти во однесувањето во кои на мачките им се прикажуваат повеќекратни стимули на мирисите на познатите луѓе и би требало да најдеме специфични модели на однесување кај мачките кои се јавуваат само како одговор на мирисот на сопственикот“, вели научникот Хидехико Учијама.

Пронајдете не на следниве мрежи: