Студот ќе држи до средината на следната седмица

Утрово во крајните западни и северни делови времето е сончево со умерена облачност, а во останатиот дел од земјава е претежно облачно. Во јужните и југоисточните делови се уште има локални врнежи од снег. Дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието.
Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, кој вдолж Повардарието повремено ќе се засилува.
Максималната температура ќе достигне од -5 до 1 степен над нулата.
И во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до нулата.
Под влијание на многу студена воздушна маса и во наредните денови ќе се задржи променливо и студено време со температури кои на повеќе места преку целиот ден ќе се задржат под нулата. Студеното време ќе се задржи до средината на наредната седмица.
Утре повремено ќе паѓа слаб снег, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во понеделник и вторник ќе преовладува стабилно време, а нови врнежи од снег се очекуваат од среда.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.