Стјуардеса доби отказ поради погрешно име на град

Руската авиокомпанија „Аерофлот“ соопшти дека ќе отпушти една стјуардеса поради грешка која ја направила во најавување на лет, односно погрешно навела име на град. Таа на 25 април пред полетувањето на релацијата Москва – Калининград, прво на руски ги поздравила патниците, а потоа во најавата на англиски јазик за крајната дестинација го употребила старото германско име на градот Кенигсберг.

Според локалните медиуми стујардесата ја пријавиле патниците, по што била покрената истрага и било одлучено да добие отказ. Кенигсберг порано бил центар на Источна Прусија, но по Втората светска војна станува дел од Советскиот Сојуз и е преименуван во Калининград.

Сметате ли дека е ова престрога казна? Или можеби стјуардесата намерно ова го сторила? Кој знае каде се крие поточно вистината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.