Стјуардесата Леана Кој во видео на TikTok откри каков пијалак треба да се избегнува во авионите, а тоа е кафе без кофеин.
Во описот на видеото наведува дека ги разбира луѓето кои бараат сок од јаболко, коктел Маргарита или Блади Мери во авион, но откри дека има една работа која не ѝ е сосем јасна.
Посочувајќи дека тоа е единствениот пијалак за кој стјуардесите ќе ве осудуваат, таа го спомна кафето, особено без кофеин.
„Сфатив дека има само еден пијалак за кој ќе те судам ако го нарачаш во авион, а тоа е кафето без кофеин“, рече таа и објасни: „Мислам дека сите досега знаеме дека нарачувањето кафе во авион е малку сомнително“.
Имено, таа појасни дека не е љубител на кафе во авион поради неговиот вкус, а особено не ги разбира луѓето кои го пијат и тоа не поради потребата од кофеин.
„Ќе бидете добро ако го испиете, многу пилоти го пијат, разбирам – уморни сте, патувате, ви треба кофеин. Ми велите дека толку многу уживате во вкусот на тоа ‘авионско кафе’ што сте подготвени да го испиете не затоа што ви треба кофеин, туку поради самиот вкус?“, праша таа со згрозеност.
Призна дека нејзината авиокомпанија не ни служи кафе без кофеин.
@leannacoy
Adults ordering apple juice? Pop off. Marg at 10am? Slay. Bloody Mary? Gross, but that’s your preference. Decaf AIRPLANE coffee though? #flightattendant #flightattendantthings #cabincrew #flightattendantlife
♬ Club Penguin Pizza Parlor – Cozy Penguin