Судар на неколку возила синоќа во Ѓорче Петров, повредени повеќе лица

Пет возила се судриле синоќа во Ѓорче Петров при што едно лице е потешко повредени, а повеќемина други се повредени.
Сообраќајката се случила околу 21 часот меѓу две возила „бмв“, „фолксваген туран“, „фолксваген артеон“ и „мерцедес“.
Со тешки телесни повреди се здобило 19-годишно момче од село Кондово, а повредени се и повеќемина други учесници во сообраќајката.
Повредените се пренесени во Ургентниот центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „8 Септември“.

Пронајдете не на следниве мрежи: