Судењето на Игор Југ за настаните од 27 Април

Обвинетиот Игор Југ за насилствата во Собранието од 27 април минатата година, вкрстено го испрашуваше министерот Дамјан Манчевски, откако претходно тоа право го искористи неговиот адвокат како и бранителите на дел од 33. обвинети.

„Очигледно видовте оружје, но не знаете какво, така ли е? Може тоа да биде нож, хебла, пендрак, итн.?“ , праша обвинетиот, кој повеќе пати го преформулираше прашањето заради приговори од Обвинителството.„Не сум експерт за оружје, се работеше за оружје кое може да се стави за задниот дел од панталоните“, рече Манчевски.Игор Југ се обидуваше да постави повеќе прашања , но најголем дел беа отфрлени поради начинот на кои беа поставени, со наведување и заклучоци или повторување на прашања кои претходно беа одговорени.„Како Вие цело време така повреден, со фрактури, шамари, ќотеци и под закани дека ќе Ви ги убијат децата, како во таква психофизичка состојба можевте прецизно да ме следите и да говорите за дејствијата кој јас сум ги преземал“, прашуваше Игор Југ.Судијката Добрила Кацарска предупреди дека ќе го одземе правото на вкрстено прашување, ако бранителите не си ги поучат странките како треба да се однесуваат.Сведочењето на Манчевски трае повеќе од два и пол часа, а следни сведоци се пратениците Богоевски, Ременски и Николовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.