Најмалку 20 лица се повредени, меѓу кои и неколку полицајци, а 11 лица се уапсени во понеделникот вечерта во центарот на Софија, каде дојде до судир меѓу антивладините демонстранти и полицијата.До судирот дојде пред зградата на националниот парламент, каде полицијата постави кордон, по што демонстрантите започнаа да фрлаат камења.Поширокиот центар на бугарскиот главен град беше блокиран, бидејќи демонстрантите го блокирале сообраќајот на главните градски булевари, што доведе до сообраќаен колапс.Антивладини демонстрации синоќа беа одржани и во Пловдив, Варна и уште неколку градови, со заедничко барање оставка на премиерот Бојко Борисов.Оставка вчера поднесе министерот за финансии на Бугарија Симеон Ѓанков.
МакфаксНајмалку 20 лица се повредени, меѓу кои и неколку полицајци, а 11 лица се уапсени во понеделникот вечерта во центарот