Судир меѓу автобус и автомобил на експресниот пат Штип-Кочани, едно лице загина на местото на несреќата

Едно лице загина во тешката сообраќајна несереќа, која се случи вечерва меѓу автобус со беровски регистерски таблички и возило опел астра со пробиштипски регистерски ознаки   на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на клучката кај штипската приградска населба Три Чешми.

Според првичните информации од портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова несреќата се случила во 19.45 часот. Лекарите од Итната медицинска помош на лице место констатирале дека  загинал сопатникот од автомобилот, а возачот со повреди е хоспитализиран во Клиничка болница-Штип.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев потврдува дека едно лице од сообраќајната несреќа веќе е на испитување кај нив, со цел да се утврдат повредите и да добие соодветен лекарски третман. Повредени патници во автобусот нема.

Во тек е увидот од страна на полицијата и јавниот обвинител. Во моментов за сообраќај е затворен екпсресниот пат Штип-Кочани кај клучката кај Три Чешми

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.