Едно лице загина во судир на два мали авиони на набото над канадскиот главен град Отава, соопштија канадските власти. Како што пренесе “АП“ локалната полиција навела дека несреќата се случила над западниот дел од градот, околу 10 часот претпладне по локално време.
Полицискиот началник, Џејми Гарпер изјавил дека едниот авион се срушил во полјана, а другиот по сударот успеал со помали оштетувања да слета на Меѓународниот аеродром во Отава.
Лицето кое загина се превезувало во авионот што се сруши во полјаната, велат официјалните лица и додаваат дека лекарите констатирале смрт на лице место. Останатите лица од авионот не се повредени. За причините за несреќата сеуште нема информации.